ДРАМА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ – ТЕТОВО: Полицијата ги запре и не им дозволува на „Шверцери“ да одат во Тетово

Навивачката група на ФК Шкупи , „Шверцерат“ била спречена од полициски сили на пунктот Скопје-Тетово, јавува ТВ21.

Речиси сите автобуси со навивачи не смеат да одат кон Тетово, каде денеска на градскиот стадион се очекува да се одигра фудбалскиот натпревар меѓу КФ Шкендија и ФК Шкупи.

Новиот македонски фудбалски првак Шкупи ќе игра без поддршка од трибините во Тетово против Шкендија, затоа што полицијата не дозволи гостување на „Градскиот стадион“ во градот под Шара.

Навивачите од Чаир тргнаа кон Тетово да го проследат натпреварот, меѓутоа на првата патарина полициски кордон ги сопре и не им дозволи да го продолжат патот на натпреварот кој не е од големо резултатско значење за „гулабите“ затоа што титулата е веќе решена.

Шкендија и Шкупи играат со почеток од 17:00 часот, а на трибините ќе има само домашни навивачи. Ривалството меѓу овие два клуба е огромно и се очекуваше присутво на околу илјада фанови на шампионот од Чаир.

Шкендија и Шкупи по третпат играат сезонава, а претходните натпревари минаа без гостински навивачи.

Натпреварот е многу значаен за тетовчани кои се борат за европско место, додека тимот на Гоце Седлоски и математички е шампион од пред две недели.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде