И заѕвони мобилниот во живо во програмата, нејзината реакција е ХИТ на интернет

Српската новинарка стана хит на социјалните мрежи откако во живо во програмата и заѕвони мобилниот телефон, а таа ладнокрвно го турна под маса.

Имено, за време на емисијата заѕвони мобилниот телефон на новинарката на Н1, Ивана Константиновиќ кој стоеше на масата, но тоа не и пречеше, туку одлично се снајде.

Водителката без да го тргне погледот од камерата со едната рака го зеде мобилниот телефон и го стави под масата, притоа успевајќи да го исклучи звукот.

Константиновиќ, како вистински професионалец, ладнокрвно продолжи да ја води програмата, но, иако не дозволи да се одвлече вниманието, нејзината лоша среќа не остана незабележана.

Снимката од емисијата се прошири на Твитер и стана хит, а корисниците беа маѓепсани од ладнокрвноста и професионалноста на Ивана.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде