ФАВОРИТИ СЕ ЗА ПОБЕДА: Евровизија во Украина се пренесуваше од – бункер! (фото)

Украина синоќа се пласираше во финалето на Евровизија, а „Калуш оркестра“ ги воодушеви гледачите ширум Европа.

Изборот за песна на Евровизија синоќа беше следен во дел од Украина, а на Твитер се појави фотографија од нивниот коментатор Тимур Мирошниченко, кој го следел натпреварувањето и тоа го пренесе на украинската телевизија.

Мирошниченко ја пренесуваше Евровизија од импровизирано студио во засолниште, а неговата фотографија, објавена на Твитер од британскиот евровизиски новинар Вилијам Адамс, предизвика бурни емоции на социјалните мрежи.

Инаку Украина според коефициентите од светските обложувалници е една од земјите фаворити за победа.

НАСТАПОТ НА УКРАИНА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде