ЌЕ ГЛЕДАМЕ ЛИ ЕВРОВИЗИЈА ВО БЕЛГРАД? Констракта руши рекорди – настапот собра повеќе од милион прегледи за 15 часа! (видео)

Српската претставничка на евровизија е вистински хит, а тоа го покажуваат и бројките на прегледите на песните после втората полуфинална вечер.

 Ана Ѓуриќ Констракта синоќа и обезбеди на Србија пласман во финалето на Евровизија, а многумина ширум светот се воодушевени од талентираната уметница.

Настапот на Констракта собра повеќе од милион прегледи, поточно над 1.300.000. што е далеку повеќе од сите други земји кои синоќа се претставија на Евровизија.

Констракта, се разбира, изби на првото место на врвот на тренд листата во Србија, а нема дилема дека ќе влезе во трендинг на Јутјуб и во многу други земји.

Веќе е познато и редоследот за настап во финалето, па така Констракта во финалето ќе настапи под реден број 24.

Она што посебно го привлекува вниманието е константното аплаудирање и во моментите додека трае песната, па може да се каже дека буквално ја освои публиката со својот настап.

НАСТАПОТ НА КОНСТРАКТА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде