ХРВАТИТЕ „ПОЛУДЕА“ ПО МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛЕРКА – Таа е една од најубавите во Европа!

Иако може да се помисли дека се работи за хрватската репрезентативка Ана Марија Марковиќ, која многумина ја сметаат за најубава во светот, не е така. Македонската репрезентативка Јулија Живиќ ги воодушеви Хрватите со својата убавина.

Девојката која сезонава најдобро се снаоѓа по десната страна на теренот е во Ријека, вниманието на себе го сврте со одличниот настап на теренот, но и со својот атрактивен изглед.

На нејзиниот Инстаграм профил можете да најдете многу фотографии на кои е во дресот на македонската репрезентација, но и како позира за модни брендови.

Таа во последните денови се најде и во центарот на вниманието на хрватската јавност, која во интервју за тамошните медиуми зборуваше за нејзиниот трансфер во хрватскиот фудбал и за навикнување на нов начин на живот.

Јулија беше засилување за Ријека во првата женска со цел тимот да избори опстанок во лигата, а тоа го направија многу рано, па затоа сезоната се смета за прилично успешна.

Заедно со Живиќ во Ријека пристигна и Даниела Велеска, двете настапуваат по крилните позиции. Покрај кариерата како модел и фудбалер Јулија стигнува и да се посвети на образованието, па така студира на Славјанскиот универзитет во Свети Николе.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде