Најново предупредување – Путин е подготвен да збрише половина Европа: „Ќе ви ја фрлиме Сатаната, од вас ќе остане нуклеарен пепел“

Сојузникот на Путин, Алексеј Журављов, се закани дека ќе иcтрела нуклеарно оpyжје на Британија и Финска, а на балтичките земји, Литванија, Летонија и Естонија, им порача дека Русија ќе ги cкрши кога ќе биде потребно.

Главниот сојузник на Путин се заkани дека ќе истрела нуклеарно оpyжје во Британија, тврдејќи дека тоа ќе трае само три минути. Финска, која е подготвена да влезе во НАТО, би била збришана за десет секунди, се пофали заменик-претседателот на комитетот за одбрана на Думата, Алексеј Журављов.

Заkаните на Журављев се реакција на барањето на Финска за влез во НАТО. Русија утрово го прекина снабдувањето со електрична енергија за Финска.

Нордиската земја десет отсто од електричната енергија увезува од Русија. Протокот на руска струја во Финска е запрен бидејќи државниот увозник не добивал никакви плаќања.

Журављов рече: „Ако Финска сака да се приклучи на овој блок, тогаш нашата цел е апсолутно легитимна, да го доведеме во прашање постоењето на оваа држава. Тоа е логично.

Ако САД ѝ се закануваат на нашата држава, тоа е добро: еве ви го Сармат (ракетата Сатана 2), а од вас ќе остане нуклеарна пепел ако мислите дека Русија не треба да постои.

Дали Русија сега ќе пренесе нуклеарно оружје на својата граница со Финска, тој рече: „Зошто? Немаме потреба. Можеме да ја погодиме од Сибир, па дури и да стигнеме до Велика Британија, рече Журављов.

Тој тврдеше дека Санкт Петербург, родното место на Путин, може да биде првата цел на НАТО во војната со Русија.

„Ако Финците сакаат да уништат одреден дел од нашето население, ако го нападнат Санкт Петербург, тоа се заканува да ја уништи цела Финска како држава. Па, како поинаку“, заклучува Журављов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде