Знаете ли кое е вистинското име на Ацо Пејовиќ? Пејачот откри и ги изненади сите – мојата најдобра пријателка не знаеше!

Ацо Пејовиќ e еден од најдобрите вокали на балканската музичка сцена, доказ за тоа е и концертот кој неодамна го одржа во „Борис Трајковски“ кога салата беше преполна.

Пејачот кој живее во вила вредна 800.000 евра гостуваше во емисијата „Сè на сè“ и зборуваше за неговото целосно име кое не го знаат многумина затоа што ретко го споменува.

Скоро секогаш се претставува како Ацо, па така многумина веројатно и не знаат дека неговото име е Александар, а Ацо е неговиот прекар што е и логично.

Сепак, е нешто малку познато за неговите фанови. Интересно е што и пријателката на Пејовиќ со која се дружел повеќе од 20 години не знаела дека се вика Александар.

„Никој не ме вика Александар, само мојата покојна мајка ме викаше така во животот. Да речеме, „сестра ми“, мојата најдобра пријателка Весна Милановиќ, утрово ми се јави и ми рече: „Можно ли е да се викаш Александар?“ Таа не знаеше, а се дружиме 20 години“, рече Пејовиќ и додаде:

„Мислам дека и мајка ми ме викаше Александар само кога ќе ја налутев“, додаде пејачот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде