Јовановиќ: Заев e светска марка, а оние кои маваат на овој човек, ќе останат: “каде беше во животот – никаде; што правеше во животот – ништо”

Фејсбук статус на Ненад Јовановиќ:

Денес е општествено посакувано, дури и пожелно, кога сакате да и’ се допаднете на опозицијата за да ве има во предвид, да дерете против Заев. Било да го напаѓаат лично, било да го напаѓаат семејно.

Што ми кажува и нешто друго: дека не му можат ништо, освен да врескаат и урлаат низ нацистичките пералници на мозоци наречени клик-бејт сајтови и останати десничарски “предикаоноци” (читај, места од кои се држат проповеди од малиот мозок).

Не изнедрува ова општество уште еднаш таква политичка личност како Зоран. Светска марка стана човекот. И како и во секој жарн, денес тоа не можат да му го простат.

Не се простува храброста, умешноста и неверојатното снаоѓање во просторот и времето.

Позади Заев, пријатели, стојат 27 земји од Европа, плус НАТО и САД. Позади Северна Македонија стојат денес 27 земји од Европа, плус НАТО и САД.

И тоа, ќе признаете, не се месни заедници, туку сериозни држави и империи. Така што, урлањето и врескањето ми е разбирливо.

Заев е Заев, светска марка; а оние другите кои маваат на овој човек, ќе останат: “каде беше во животот – никаде; што правеше во животот – ништо”.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде