Дада Јоци вечер приказује: Што кројат Стевчо и Данела во моментов?

Поранешната новинарка Јорданка Ивановска Јоци на својот фејсбук профил објави видео за кое како опис напиша:

Дада Јоци вечер приказује:

Какви сè комерцијални објекти за млатење тешка пара во Градски парк нацртале #Данела и #Стевчо т.н ,,златни кокошки” во рамки на новиот Луна парк?

Кој е планирано да ги распредели бизнисите…некој Оливер?, хех…

Што кројат Стевчо и Данела во моментов на 84.000 м2 површина во Градски парк со урбанистичкиот проект за #Луна_Парк кој го нарача Арсовска и Град Скопје, а го подготви Општина Карпош?

Предвидена е и СЕЧА НА СТАРИ ДРВЈА!

Какво ,,монструмче” со макс висина од 35 метри нацртале Стевчо и Данела во Градски парк, надвор од опфатот на Луна паркот, во зеленилото спроти игралиштето за кучиња?

Урбанистичкиот проект за овој дел од Градски парк, кој припаѓа на Општина Карпош, е нарачан пред пет дена.

Сигурно не помисливте дека Данела туку-така зема да го асфалтира Градски парк.

П.С: Каде, бе, Живка и баба Стефка, сте тргнале со бизнисиве, хех….пополека малку, хех…

Дада ви ТОП ГАН прво на јавноста да и` каже како од Градски парк планирате да направите џунгла. Може и ќе ви успее, шо знаете, хехе….

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде