Вонредно обраќање на премиерот Ковачевски: Еве какви одлуки се донесени вечерва

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски  одржува прес-конференција во Медија центарот на Владата.

Темата на прес конференцијата е енергетската криза. Парно за скопјани ќе има , рече премиерот Ковачевски на прес конференцијата.

Во однос на електричана енергија за 85 .000 потошувачи добиваат субвенционирана електрична енергија во износ од 80 проценти.

Ќе се субвенциуонираат и сите училишта и здравствени установи со поповолна цена за електрична енергија .

Пред утрешната седница повикувам заедно да се обединиме да ги донесеме законите со кои се одблокираат пари од ЕБРД за надминување на енергетската криза, рече премиерот Ковачевски.

Според Ковачевски, во однос на електрична енергија, и малите потрошувачи ќе добијат сигурна, стабилна и континуирана испорака на електрична енергија.

-Осумдесет проценти ја субвенционираме сметката за електрична енергија за 650 илјади домаќинства, а над 70 илјади компании и други правни субјекти т.н. мали потрошувачи со промет годишен до два милиона евра ќе добијат субвенционирана електрична енергија која е трипати пониска од берзанската.

Дополнително донесовме одлука на регулиран пазар да бидат и основните и средните училишта на територијата на цела држава без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на самите општини, нагласи премиерот.

На вонредната прес-конференција во Владата вечерва, покрај Ковачевски, присутни се вицепремиерот Фатмир Битиќи, министрите за финансии и за економија,

Фатмир Бесими и Крешник Бектеши, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, како и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде