Пред малку заврши настапот на нашата евровизиска претставничка Андреа Коевска, која настапи со својата песна „Circles“ под реден број 11.
Иако имаше прилично едноставен настап, Андреа имаше моќна вокална изведба и совршено ја пренесе емоцијата на нејзината песна. Со други зборови, им одржа лекција на своите поискусни колеги од македонската музичка сцена.
Облечена во монохроматска модна комбинација, за која се погрижи нашата стилистка Цаци Паковска, нашата талентирана пејачка остави убав впечаток на евровизиската сцена.
Андреа, стискаме палци за влез во финалето!
Наскоро ќе биде објавена и целосната снимка од нејзиниот настап.
There's no limits to Andrea's amazing voice. Go North Macedonia! 🙌🇲🇰 #Eurovision #ESC2022 pic.twitter.com/oBTtRXh5Vt
— Eurovision Song Contest (@Eurovision) May 12, 2022