„Гардијан“ со шоkaнтно предупредување: Следна цел на Путин е Балканот!

Британскиот весник „Гардијан „објави опсежна анализа во која предупредува дека Русија би можела да почне да ја проширува својата конфронтација со Западот со притисок врз Србија, со поткопување на независноста на државите од Западен Балкан.

Како што наведуваат регионалните лидери за венсикот „Гардијан“, официјални лица од Западен Балкан бараат од НАТО и ЕУ да го забрзаат пристапот до нивните барања за членство, плашејќи се дека Русија ќе предизвика војна во овој дел на Балканот за да го одвлече вниманието од настаните во Украина.

Косовскиот премиер Албин Курти предупреди дека „во интерес на Руската Федерација е да создаде нови боишта бидејќи не сака тие да се вратат на мирот“.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, предвиде дека „Русија со дестабилизирање на Западен Балкан ќе се обиде да ја деcтабилизира цела Европа“ и порача дека Москва ја користи Србија за да ги загрози демократските вредности.

Исто така, Шефик Џаферовиќ, бошњачки член на тричленото претседателство на Босна и Херцеговина, предупреди дека неговата земја е особено ранлива на руското влијание, бидејќи Милорад Додик, српски член на претседателството со блиски врски со Кремљ, се заканува дека ќе ги повлече босанските Срби.

Учество од националната армија, судството и даночниот систем – што всушност ќе го означи крајот на Дејтонскиот мировен договор, со кој заврши војната меѓу балканските народи во 1995 година.

Додик се обидува да го искористи фактот што вниманието на Западот е насочено кон Украина“, изјави Џаферовиќ за Гардијан.

Тој додаде дека однесувањето на Додик секако е охрабрено од Русија, која секогаш сака да покаже дека може да ја деcтабилизира меката основа на ЕУ и НАТО.

„Западните влади треба да го разгледаат многу посериозно и поактивно да се ангажираат во Босна и Херцеговина и во целиот регион“, рече Џаферовиќ.

Од друга страна, Османи рече дека во Украина се покажало дека смирувањето на автократите како Владимир Путин и српскиот претседател Александар Вучиќ не функционира.

„Русија веројатно ќе ги користи или Балтикот или Западен Балкан – или и двете – за да ги подигне тензиите и да ја прошири кpизата на меѓународно ниво“, рече Османи.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: Слободен печат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде