Доларот руши рекорди: Погледнете колку чини во моментов

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки.

Вредноста на доларот се искачи на рекордно ниво откако Белата куќа реши да ги намали шансите за слабеење на валутата, во време кога останатите моќни валути продолжија да „тонат“, а приносот на државниот трезор го допре највисокото ниво од 2008 година.

Според курсната листа на НБРСМ средниот курс на американскиот долар денеска изнесува 63.3577 денари, додека пак на еврото изнесува 61.4950 денари.

Средниот курс на британската фунта изнесува 68.7172 денари, и го продолжува надолниот тренд кој го има во последниве неколку дена.

Рекордниот пад на фунтата ги натера Министерството за финансии и Банката на Англија панично да реагираат и да се обидат да ги „смират“ пазарите.

Јапонската влада беше принудена да интервенира на девизните пазари за да го спречи падот на јенот за првпат од 1998 година.

Централната банка на Кина го соопшти рекордниот пад на јуанот во однос на американскиот долар, неколку дена откако ја зголеми задолжителната резерва за тргување со девизи, во обид да го ограничи одливот на валутите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде