Виролозите од Институтот Пастер во Париз го секвенционираа геномот на новата варијација на ковид, наречена делтакрон. Во Франција веќе се регистрирани неколку случаи на новиот вид, кој сега е официјално регистриран.
Делтакрон содржи делта мутации и соеви на омикрон, а првпат беше пријавен на почетокот на оваа година на Кипар. Сега е утврдено дека дефинитивно се разликува од другите и во Париз е направен детален редослед.
Освен во Франција, делтакрон засега е забележан и во Америка, Холандија и Данска, а еве како го опишуваат експертите!
Основата на овој вид е делта, додека „шилката“, делот што се прицврстува на клетката домаќин е омикрон. Ваквите соеви се јавуваат кога едно лице е заразено и со делта и со омикрон во исто време, што доведува до заедничка пролиферација на вирусните клетки.
„Оваа мутација беше очекувана, со оглед на интензивната циркулација и на омикронот и на делтата“, рече Марија ван Керхов, техничар во Светската здравствена организација.
Сојот делта предизвика потешка клиничка слика од претходните, додека омикронот беше позаразен и попренослив.
Видот кој е комбинација од претходните два загрижи многумина, но охрабрува тоа што голем дел од населението на планетата е имунизирано со вакцинација или со прележана болест.