Нов ценовен шоk – значително поскапување на месото

И оваа недела веб сервисот Ценометар.мк беше на терен низ најголемите маркети во Македонија, и покрај најавувањата од Владата и Министерството за финансии, за смрзнати маржи, забележително беше драстично поскапување кај многу производи!

Едни од најдрастично поскапените производи, во најголемите трговски ланци како КАМ, Стокомак, Рамстор, Тинекс и Кипер се следните:

Табла јајца 30/1 поскапена од 172 до 225 денари ! Поскапување од околу 40 денари!

Мало пакување јајца 10/1 – поскапено за 10 денари !

Говедското свежо месо е поскапено за 80 до 100 денари!

Свежо пиле – поскапено од 30 до 60 денари по килограм !

Свеж пилешки стек – поскапен за 30 до 40 денари!

Замрзнати батаци 10 до 20 денари поскапување !

Пивата генерално поскапени за над 10 денари по литар!

Риба ослиќ – поскапена за над 10-15 денари!

Паштета аргета пилешка – поскапена за 2 денари !

Брашното или е повлечено од рафтови или е поскапено за отприлика 10 денари зависно од маркет до маркет!

Маслото за јадење поскапено за 5-10 денари во одредени маркети!

Овошјето и зеленчукот немаа позначителни промени, но го нема на рафтовите!

Извор: cenometar.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде