Бидете подготвени: Доаѓа нов влажен бран – невреме ќе ја зафати Македонија

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 14, а максималната од 23 до 30 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до сабота ќе преовладува променливо облачно време со умерен, повремено засилен јужен ветер.

В сабота ќе биде претежно облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд кои во западните делови ќе бидат пообилни.

Од недела ќе започне да дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.

Минималните температури ќе бидат од осум до 17, а максималните од 19 до 28 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде