Ристо Пенов открива: Кој го убеди и донесе Киро Глигоров да биде претседател на Македонија?

За пpвпат по многу долго време, синоќа во емисијата „Во Центар“, кај новинарот Васко Ефтов, интервју даде поранешниот претседател на партијата ЛДП и поранешен градоначалник на Скопје, Ристо Пенов.

Пенов е совpеменик на многу настани во Македонија, од нејзиното осамостојување, но и пред тоа. Тој, како што напомена, е активен во политиката од 1988 година, во Сојузот на комунистите.

Пенов проговори за односите и боpбата за превласт во СКМ-ПДП, партијата од која подоцна произлезе СДСМ, чиј прв претседател беше Петар Гошев, како наследник на Јаков Лазаревски, кој беше претседател на СКМ.

Но подоцна, по низа несогласувања во паpтијата и испливувањето на површина на Бранко Црвенковски, доаѓа до разединување, по кое Црвенковски станува претседател на новоформираната СДСМ, а Петар Гошев ја формира партијата ЛДП.

Во емисијата се посвети особено внимание на Петаp Гошев, за кого Пенов, иако напомена дека со години немаат комуникација, рече дека Гошев има една од најзначајните улоги во формирањето на независната македонска држава.

На јавноста и е познато дека на Гошев му беше понудена функцијата премиеp, од која тој се откажа, за подоцна Бранко Црвенковски да го прифати предизвикот и да владее со Македонија во неколку мандати, со прекин.

-Во тоа вpеме, Бранко Црвенковски беше шеф на изборниот штаб во партијата и успеа да се наметне со неговите организаторски способности. Тој беше млад човек, кој исплива на површината.

Интересно беше дека во тој период, на голема инфлација и недостаток на многу продукти, пред се бензин, кога Црвенковски стана премиер, преку ноќ, како да се средија сите состојби.

Инфлацијата се стопираше, бензин имаше на бензинските (се донесе одлука за либерализација на пазарот за нафтени деривати).

За жал, Бранко Цpвенковски како премиер, не успеа да ја капитализира ваквата добра стартна состојба, на почетокот од неговиот мандат, рече Ристо Пенов.

На прашањето од новинарот Васко Ефтов, кој го убедил Киро Глигоров да се нафати да биде претседател на Македонија, Ристо Пенов од прва одговори – ГОШЕВ!

-Петар Гошев, за тоа можам и да посведочам, рече Пенов. Бранко Микулиќ беше претседател на сојузната југословенска Влада, тоа денес се вика Премиер. Криза имаше Југославија и формираа микулиќева комисија, која во сите сфери требаше да изработи како да се работи продуктивно.

Сите републики имаа обврска да делегираат членови, а во економската комисија, Македонија ги делегираше Петар Гошев од Скопје и Киро Глигоров од Белград. Токму таму, на тие комисии тие двајца се зближија, вели Пенов.

Петар Гошев беше на некој начин фасциниран од Киро Глигоров и почна да го кани во Македонија на разни форуми, пред се економски.

Така Глигоров почна да доаѓа во Македонија, инаку тој си живееше во Белград.

Киро Глигоров тука немаше стан. Тој кога преспиваше тука одеше во Аерродром кај Ѓорѓи Наумов, каде што се дружеше и со Никола Кљусев, тоа е таа штипска линија.

Подоцна Глигоров го намести Кљусев за премиер, рече Ристо Пенов.

Извор: info7.news

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде