Се огласи Русија: Признаа дека нападнале база близу границата со НАТО

Руското Министерство за одбрана ја призна одговорноста за ракетниот напад врз Меѓународниот центар за мир и безбедност, воена база во близина на Лавов, во неделата.

До 180 „странски платеници“ се y6иени во нападот на центрите за обука на украинските војници во Старици и на полигонот Јаворов, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во него се наведува дека објектот во Јаворово се користи за складирање на воена опрема испорачана од странски земји, наведува Ројтерс. Портпаролот рече дека до 180 „странски платеници“ биле y6иени и уништено големо количество оpyжје.

Министерството за одбрана најави дека ќе продолжи со нападите врз „странските платеници“, односно странските боpци кои им се приклучуваат на украинските сили, јавуваат руските медиуми.

Украинските власти претходно соопштија дека во нападот загинале 35 лица, а повеќе од 130 се повредени.

Ниту еден од Американците не работел во центарот за обука во близина на украинскиот град Лавов, кој, според извештаите на медиумите, бил ракетиран, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

„Таму немаше американски војници, генерално, Американците не работеа во овој објект за обука. Заминавме, како што знаете, пред неколку недели“, рече Кирби.

Нападот доведе до тоа Украина да ги обнови повиците за зона на забранети летови, но портпаролот на Пентагон Џон Кирби повторно јасно стави до знаење дека тоа нема да се случи.

„Не би имало смисла оваа војна меѓу двете нуклеарни сили да еcкалира“, рече тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде