Двајца полицајци повредени во сообраќајна несреќа

Двајца полицајци биле повредени вечерва во сообраќајна несреќа во Неготино, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Тој појасни дека сообраќајката се случила на раскрсницата помеѓу улиците „Марксова” и „Фемо Кулаков”, на Тимјанички пат.

Во сообраќајната не3года дошло до cудир помеѓу две патнички моторни возила, со неготински регистарски ознаки, „Ауди”,

сопственост на Министерството за внатрешни работи, во кое патувале полициските службеници од ОВР Неготино и „мерцедес”, управуван од неготинец.

Самарџиев рече дека полицајците се 3добиле со лесни телесни повреди. Бил извршен yвид на лице место, од страна на припадници на неготинската полиција.

Фото: Архива

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде