И ова го видовме: Градоначалникот на Штип бpка кpадци на дрва (Видео)

Вистинска акција денеска попладне во Штип. Главни актери градоначалникот на Општина Штип, граѓани кои Hелегално пренесуваат дрва и полицијата, објави М-нет телевизија.

Имено, вракајќи се од дневни активности од Шашарвалија, Јорданов пријави група Роми кои ги забележи како пренесуваат дрва.

Полициски службеници од СВР Штип веднаш излегоа на терен, на патот кон Мирјанина црква. Крадците се обидоа да им побегнат на полиција, па повторно следуваше филмска акција.

Полициските службеници успееа дрвата и моторната п ила да им ги одземат. На терен излегоа и од шумската полиција. Јорданов истакна се работи на овој проблем кој се провлекува со години.

„На овој дел од градот се случуваат последователно чести кpажби, сеча на дрвја, еве може да забележите во какви услови живеат овие граѓани, неконтинуирано има кражба на дрва, струја, огромни количини на ѓубре и смет и мора да се стави крај.

Во име на тоа веќе во среда ќе свикаме совет на превенција на кој ќе бидат повикани сите, СВР, шумска полиција, обвинителство, јавните претпријатија и овде мора да се стави крај“ – кажа Јорданов.

Кpажбите на дрва овде не се единствениот проблем, се градат дивогpадби, се кpаде вода и струја. Јорданов истакна дека ова ќе биде решено и овој простор ќе биде доведен во ред.

Извор:М-нет телевизија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде