Почина забавниот новинар и водител Марјан Каменовиќ. Како што дознава порталот Pink.rs, Каменовиќ починал по кратко боледување. На јавноста ќе и остане познат по бројните интервјуа и приказни што ги правел со познати личности.
Марјан Каменовиќ е телевизиски водител, новинар и пејач. Сними неколку дуети, меѓу другите со пејачката Инди, Зорица Марковиќ, но и старлетата Станија Добројевиќ, а долги години работеше и како новинар во „Скандал“.
Веста за cмpтта на Каменовиќ растажи многу познати личности кои го познаваа и со кои соработуваше во неговата долга кариера, а пејачката Катарина Грујиќ се прости од него преку социјалната мрежа Инстаграм.
- „Ти беше најсреќниот човек што го знам, голем пријател, душа од човек! Ми ја подаде раката кога немаше никој, беше со мене кога никој немаше…
Толку ја планиравме таа „наша“ средба и не ја добивме… Благодарам за се! Патувај со ангелите, мојот Маки… – напишала Катарина покрај нивната заедничка фотографија.
За пинк.рс изјава даде и Зорица Марковиќ:
„Само што дознав дека Марјан не напуштил, во шоk сум, верувајте. Ги запознав неговите родители, ја запознав неговата сестра, тие се прекрасно семејство, навистина не знам што да кажам … останав без зборови …
Марјан последен пат go видов летово, десет дена по отворањето на кафулето, кој подоцна го затворив поради пандемијата. Мислам дека беше јуни или јули. Изгледаше нормално, играше, се радуваше, како и секогаш…
Едно време бевме комшии, пиевме кафе скоро секој ден, беше добро дете. Голема тага и голем шоk – изјави Зорица за Пинк.рс.