Страотно видео: Ветер со брзина од 250 километри на час преврте авиони

Стравичниот ураган Ијан стигна до Флорида, носејќи силни дождови и опасно високи бранови со силни удари на ветер.

Поради ураганот претходно беше наредена евакуација на два и пол милиони луѓе.

Ијан, кој засили над топлите води на Мексиканскиот Залив, во текот на ноќта прерасна во ураган од катастрофална четврта категорија,

со максимални ветришта со јачина од 250 километри на час, според податоците на американскиот Национален центар за урагани.

Бурата е на пат да удри блиску до густо населената област Форт Маерс, а метеоролозите предупредуваат дека може да предизвика бранови високи пет и пол метри.

Се очекува ураганот полека да се движи над Флорида и да погоди бројни области, меѓу кои Тампа, Орландо и Џексонвил.

Ијан, кој засили над топлите води на Мексиканскиот Залив, во текот на ноќта прерасна во ураган од катастрофална четврта категорија,

со максимални ветришта со јачина од 250 километри на час, според податоците на американскиот Национален центар за урагани.

Бурата е на пат да удри блиску до густо населената област Форт Маерс, а метеоролозите предупредуваат дека може да предизвика бранови високи пет и пол метри.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде