Рашковски: Не се чувствувам за виновен

Апсолутно не се чувствувам виновен рече денеска обвинетиот, поранешен Генерален секретар на Владата на Македонија, Драги Рашковски пред судот во своите воведни зборови на првото рочиште против него.

Денешното прво рочиште уследи по две одложувања бидејќи и измина мандатот на обвинителката во предметот Ивана Трајчева.

Денеска во судницата воведните зборови ги презеде нејзината шефица Вилма Русковска. Таа пред судот објасни за што е о6винет Рашковски и уште шестмина други обвинети.

– Во оваа постапка преку докази ќе го увериме судот дека обвинетиот Драги Рашковски нерационално и непродуктивно ги трошел народните пари за камери, кабини коишто дел не се наоѓаат во просториите на Владата и никој нема објаснување.

Ќе докажеме дека ја злоупотребил положбата за свои лични материјални цели. Софтверот за препознавање на брзина на возила и изрекување на kазни не се користи и по две години од набавувањето со оглед на зсконската регулатива како пречка, факт кој го знаел Драги Рашковски.

Нема надлежност да снима и издава казни. Тука има друга позадина а тоа не е во делот на грижата за гаѓаните туку позадината е патентот лична сопственост на обвинетиот Драги Рашковски.

Ќе докажеме дека овој софтвер не се употребува на само заради начинот на набавката туку и дека е нефункционален. Оваа постапка придонесе граѓаните да дознаат дека се потрошени 4.000.000 милиони денари за нешто што не е функционално и ставено во употреба.

Опремата ова скапо и непотребно задоволство не чини вкупно 6.000.000 денари кабини и камери за софтвер за кој уште немало обезбедено софтвер а ниту една институција не и се потребни. 

Ќе докажеме дека целта е нивното лукаративно однесување на сите обвинети. Рашковски сакал материјално да го материјализира својот личен патент преку оваа постапка но без да има потреба или соодветна постапка – изјави Русковска.

Случај во кој се обвинетите седуммина за злоупотреба на службената положба и перење пари за набавка на сообраќаен софтвер, но и примање пари на рака од вработување во владиниот секретаријат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде