Вонредни вести: Утрово голема промена на цената на нафтата на светските берзи

Цената на нафтата падна на меѓународните пазари падна на под 100 долари во пресрет на новите рунди преговори меѓу Украина и Русија за ставање крај на конфликтот, што се совпадна со загриженоста на инвеститорите за побарувачката од Кина.

Во споредба со претходното затворање, сега изнесува 97,95 долари. Колку за споредба, пред една недела (на 8-ми март) цената изнесуваше дури 126,27 долари за барел.

Цените на нафтата растат од минатата година, поттикнати од силното закрепнување на побарувачката по кризата со коронавирусот и главно стабилното производство од водечките извозници. Силен поттик беа и санкциите против Русија за нападот на Украина.

Санкциите им го отежнаа плаќањето на банките, а руските производители тешко наоѓаат транспорт, бидејќи логистичките и трговските компании стравуваат од санкции. САД воведоа ембарго на руската нафта, но тоа не ги вознемири премногу пазарите поради малиот удел во увозот на енергија од САД.

На почетокот на неделата вниманието на пазарот беше насочено кон новата рунда украинско-руски преговори. Производството на нафта и гасен кондензат во Русија се зголемило на 11,12 милиони барели дневно (БПД) во март, и покрај санкциите за руската нафта.

Русија е најголемиот светски извозник на сурова нафта и нафтени деривати заедно и испорачува околу седум милиони барели дневно, што е еквивалентно на седум отсто од светската понуда.

Во исто време, трговците се загрижени за порастот на бројот на новозаразени лица во Кина, најголемиот увозник на сурова нафта во светот и втор најголем потрошувач по Соединетите држави. Високо заразната варијанта на омикрон се шири во неколку кинески градови, од Шангај до Шенжен.

Бројот на нови случаи во еден ден се искачи на највисокото ниво во последните две години, вчера со 1.437 новопотврдени случаи на коронавирус.

„Покрај новите разговори меѓу Украина и Русија, претпоставувам дека цените на нафтата паднаа претходно оваа недела “, рече Џовани Стауново од UBS.

Кочницата на цената беше и пораката на Индија дека ќе преземе соодветни чекори за да го спречи растот на цената на нафтата, сигнализирајќи дека би можела повторно да ја пласира нафтата од стратешките резерви. Владата продаде пет милиони барели во ноември за да ги намали инфлаторните притисоци.

Индиската влада истовремено размислува да купи руска нафта и други стоки, по намалени цени, додека трансакциите ги плаќа во рупии и рубли, изјавија двајца индиски официјални лица.

„Русија нуди нафта и други стоки со големи попусти. Ние со задоволство ќе го прифатиме тоа. Мораме да решиме некои проблеми, како што се танкери, осигурување и мешавина на нафта. Кога ќе ги решиме, ќе ја прифатиме понудата за попуст“, рече еден индиски функционер.

ОПЕК одделно утрово објави дека барел од нафтената кошница на нејзината членка во петокот чинел 113,29 долари, што значи дека е намален за 3,94 долари во однос на претходниот трговски ден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде