Се огласи Москва: Жecток одговор на тврдењето дека авионот на Лавров се вратил од пола пат

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захаров денеска изјави дека тврдењата на германски „Билд“ дека авионот за Кина со Лавров е вратен на половина пат се лажни: „Тоа е недозволиво. Германскиот весник „Билд победи во пласирањето лажни вести.“

Како што објасни таа, во написот се тврди и дека авионот со Лавров наводно се вратил од половина пат и слетал на аеродромот Внуково.

Лавров до доцна синоќа работеше во Министерството, а рано утринава почна да се подготвува за преговори со колегите од Блискиот Исток во Москва“, додаде Захарова.

Претходно денеска германски „Билд“ објави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во средата навечер заминал за Пекинг, се качил во авион, но околу половина пат неговиот авион се свртел и се вратил на аеродромот во Москва.

Билд додава дека авионот со Лавров поминал околу 2.800 километри и околу половина пат, поточно над Сибир, авионот се свртел и се вратил во Москва.

Тие изјавија дека Лавров синоќа со руската делегација заминал во Пекинг, каде се очекува да се сретне со кинески претставници.

Билд напиша и дека не е јасно што се случило, ја споменале можноста Кина да одбила да го прими шефот на руската дипломатија, па дури и дека директивата за враќање доаѓа лично од Владимир Путин.

Москва, наводно, побарала од Кина воена и економска помош, но официјални лица од двете земји одбија да ги потврдат овие наводи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде