САД и се заkани на Кина: Еве што ќе направат ако „продолжи да го брани Путин!“

Пред разговорите на американскиот претседател Џо Бајден со Си Џинпинг во петокот, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека Кина има „одговорност“ да го искористи своето влијание врз рускиот претседател Владимир Путин за да ја запре војната во Украина.

Тој додаде дека Белата куќа нема да се двоуми да и наметне „санкции“ на Кина, доколку тие продолжат да ги бранат постапките на Владимир Путин, пренесува Си-Ен-Ен.

Ние продолжуваме да ги повикуваме сите нации, особено оние со директно влијание во Русија, да ги искористат сите сили што ги имаат за да ја принудат Москва да стави крај на оваа војна.

Сметаме дека Кина особено има одговорност да го искористи своето влијание врз претседателот Путин за да ги одбрани меѓународните правила и принципи кои тој тврди дека ги поддржува“, рече Блинкен, и додаде:

Наместо тоа, Кина се чини дека се движи во спротивна насока, одбивајќи да ја осуди оваа агресија бидејќи се обидува да се прикаже себеси како неутрален арбитер.

Ние сме загрижени дека тие размислуваат за директна поmош за Русија со воена опрема што ќе ја користат во Украина.

„Претседателот Бајден утре ќе разговара со претседателот Кси и јасно ќе стави до знаење дека Кина ќе биде одговорна за сите дејствија што ќе ги преземе за поддршка на руската агресија и нема да се двоумиме да наметнеме санкции“, рече тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде