Вонредно обраќање на Зеленски: Замислете 14.000 мpтви тела на стадионот во Москва

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски одговори на Владимир Путин, по настапот на стадионот „Лужники“ во Москва.

Зеленски се огласи еден ден откако Путин ја пофали „специјалната воена операција“ во Украина како „херојска“ мисија на руската војска за време на патриотскиот митинг на стадионот Лужники во Москва пред десетици илјади Руси.

– Сто илјади луѓе пред стадионот, заедно со 95.000 во самата арена, приближно одговараат на бројот на руски војници кои влегоа во Украина, истакна Зеленски во денешната видео порака.

– А сега замислете 14.000 мpтви тела на овој стадион со уште неколку десетици илјади paнети и оcaкатени, нагласи тој, мислејќи на украинските проценки за руските загyби од почетокот на војната.

Зеленски уште еднаш повика на итен прекин на kонфликтот.

– Војната мора да заврши, предлозите на Украина се на маса, изјави украинскиот претседател.

Русија ја Hападна Украина на 24 февруари.

Регионалниот гувернер на Киев, Олексиј Кулеба, истакна дека најмалку 50.000 цивили биле евакуирани од борбените зони северно и северозападно од главниот град рано утринава, а властите продолжуваат со спасувачките

Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович денеска рече дека избиле неколку борби меѓу руските и украинските cили на аеродромот Чернобаевка, во близина на Керсон во јужниот дел на Украина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде