Тажна вест: Почина познатиот професор и поранешниот ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски”, д-р Божидар Маслинков

Во Битола денеска почина професорот д-р Божидар Маслинков, поранешен ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски”.

Професорот Маслинков функцијата прв човек на битолскиот Универзитет ја вршеше во периодот од 1999 до 2003 година.

Наставно педагошката активност, Маслинков ја почнува во 1969 година кога е избран за надворешен соработник на Педагошката академија во Битола, а подоцна и како професор на Вишата земјоделска школа и Вишата медицинска школа.

Маслинков магистрирал на Хемиско-технолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а докторирал на Хемиско-технолошкиот факултет во Загреб.

До пензионирањето, професорот Маслинков работеше на Факултетот за учители и воспитувачи во Битола и членуваше во Македонско научно друштво-Битола.

Поранешниот ректор, проф. д-р Божидар Маслинков, ќе биде погpебан утре на Буковските гробишта во Битола.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде