Вонредно обраќање на Зеленски: Ќе направиме се да дојдеме до Путин!

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, зборуваше за Си-Ен-Ен во врска со преговорите со Москва за да се стави крај на конфликтот меѓу двете земји.

Новинарот на Си-Ен-Ен, Фарид Закарија, го праша Зеленски дали е подготвен да преговара со рускиот лидер Владимир Путин по нападот врз цивилите во Мариупол и на други места.

Подготвен сум за преговори. Бев подготвен и последните две години. Без преговори не можеме да ставиме крај на оваа војна“, рече Зеленски и додаде:

„Сите луѓе кои мислат дека овој дијалог е плиток и нема да реши ништо, само не сфаќаат колку е важно сето тоа. Ако има само еден процент шанса да се запре оваа војна, треба да ја искористиме оваа шанса”

Зеленски посочи дека достоинството што го покажува Украина не е доволно за спасување животи.

„Не можам да ви кажам за резултатите од овие преговори, но ние секојдневно губиме луѓе, невини луѓе на теренот. Руските сили дојдоа да не истребат, да не y6ијат.

И го покажавме достоинството на нашиот народ и нашата армија , способни сме да зададеме силен yдар, способни сме да возвратиме.

Но, за жал, нашето достоинство нема да им ги спаси животите. Мора да го искористиме секој формат, секоја шанса, за да можеме да преговараме за можноста да разговараме со Путин.

Но, ако овие обиди не успеат, тоа би значело дека ова е трета светска војна“, заклучи Зеленски.

Претходно странските медиуми пишуваа за наводите дека Путин размислува за средба со Зеленски, но дека не мислел дека е дојдено време за тоа, туку дека оваа средба потенцијално може да се случи во иднина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде