„Кралица, мајка, жена борец…Секогаш ќе те паметам како убавица со снежна белина“

ЈЗУ Здравствен дом Куманово ја сподели тажната вест за cмpтта нa медицинската сестра Наталија Николоска.

– Со длабока тага, Ве информираме дека почина Наталија Николовска, медицинска сестра од диспанзерот за вакцинација во Здравствен Дом во Куманово. Споменот за неа ќе остане вечен, напишаа од ЈЗУ Здравствен дом Куманово.

На социјалните мрежи со потресни зборови се простуваат од Николовска.

„Кралица, мајка, жена-борец, моја поддршка, моја „екипа снова“, моја секогаш драга Натенце.. Секогаш ќе те паметам како убавица со снежна белина, а пред се како човек со големо срце.

Среќна сум што пет години бевме еден професионален тим, со широко срце и отворен ум. Остануваш во моите мисли засекогаш“, стои во една од објавите.

„Вечен спомен мила наша Нате и Царство небесно…голема загуба…Сочувство до семејството…Не стигнав да те гушнам за последен пат…“

„Твоето големо срце и душа нека најдат мир во небесното царство, почивај во мир мила моја, ангелите да ти го осветлат патот…“, напишаа пријателите и роднините на Наталија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде