Ново видео: Кавгата помеѓу Стоилковски и Каевски продолжи и по улица

Народот гледа како Дарко Каевски бега од одговор како тоа од голтар, сега на 30 години има банкарска сметка со четири милиони, додека луѓе во продавниците се т епаат за производи,

рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој упадна во моментот кога неговиот помлад колега од владејачката партија даваше изјава пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Во изјавата, Каевски обвини дека ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа, од голтарска партија преку kpиминал и kopупција станала најбогатата партија во Европа.

На ова Стоилковски реплицира и дека семејството на Дарко Каевски се збогатило со пропаста на „Еуростандард банка“, додека луѓе останале без своите заштеди.

„Народот гледа што се случува, а во СДСМ расте неpвозата. Затоа држат пресови во кои безнадежно лажат дека Македонија блеска, дека државните резерви се полни, а тие го ш тителе стандардот.

СДСМ бегаат од избори, затоа што знаат дека ќе завршат пред лицето на правдата“, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно преку соопштение СДСМ објави дека ВМРО ДПМНЕ преку Стоилковски ја покажува неpвозата и некyлтурата кога ќе се спомне kpиминалот на партијата.

„Обидот на ВМРО ДПМНЕ да спречи прес конференција на СДСМ не усепаа повторно.

Огромна е неpвозата и политичката некyктура во ВМРО ДПМНЕ, кога се зборува за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и партискиот имот стекнат во време на режимот.

Политичка некултура манифестирана преку портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски само покажува какви се, и колку во опозициската партија ги боли вистината.

Нервозните реакции и ниската политичка култура не можат да ја сокријат вистината дека ВМРО-ДПМНЕ е kpиминална партија која дејствува на штета на граѓаните и државата.“, соопштија од СДСМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде