Оcyда од сите страни: Синоќа за време на прославата се случи “инцидент“ од кој се cрами цела Македонија

Фејсбук статус на Ацо Лукарески:

Енис Барди… Фудбалер којшто во 2017 година својот прв гол за македонската репрезентација го прослави трчајќи со македонското знаме по теренот… И којшто има патики со неговите иницијали и со македонското знаме на нив…

Аријан Адеми… Фудбалер којшто е роден во Шибеник, Хрватска и којшто имаше и три настапи за хрватската репрезентација, но којшто сепак реши да биде македонски фудбалер и во својата кариера да настапува за Македонија…

Висар Муслиу… Фудбалер којшто играше со македонски дрес и во младинска и во сениорска конкуренција…

И којшто својата кариера ја започна во „Ренова“ – Гостивар, а потоа играше во Вардар и во тимови во Швајцарија, Унгарија и Германија…

Овие тројца фудбалери за мене се поголеми македонски патриоти, отколку оние коишто ноќеска гнасно се обидоа да фрлат дамка на целата еуфорија и за време на прославата на плоштадот извикувале „Мртов Шиптар, добар Шиптар“ и „Кој не скока, тој е Шиптар“…

СРАМОТА!!!

Барди, Адеми и Муслиу, заедно со новиот јунак Александар Трајковски, и со Алиоски, Димитриевски, Ристовски, Велкоски, Николов, Чурлинов и сите други наши фудбалери ЗАЕДНО испишуваат нова историја за македонскиот фудбал!

Со оваа фотографија од Елиф Елмас, македонски фудбалер со турска националност, ги поздравувам сите лажни патриоти во Северна Македонија…

За среќа, не се многу… Но револтот е многу голем!, напиша Лукарески на Фејсбук.

Во продолжение погледнете го видеото:

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде