По подолго време се огласи и Зоран Заев: Вредеше мој народе!

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска, преку својот фејсбук профил, порача дека годишнината од членството во НАТО е момент на кој сите се сеќаваме со гордост.

-Изминавме долг пат кој го занемаривме од дента кога горди го гледавме македонското знаме како се развиори пред седиштето на НАТО во Брисел. Ден кој е историја.

Важно предание за нашите поколенија. Вредеше, мој народе! Остварувањето на вековниот сон на нашите револуционери.

Обезбедувањето сигурност за сегашноста. Обезбедувањето иднина за младите. Вредеше! Да му се радуваме со гордост на овој ден!, напиша Заев.

Според него, излеговме од изолацијата за денес да носиме одлуки со најмоќните.

-Годишнината од членството во НАТО е повод кој го буди секое македонско срце. Момент на кој сите се сеќаваме со гордост. Денес, кога беснее разорна војна, гледаме колку е значајно тоа што ние сме НАТО.

За секој граѓанин денес да биде спокоен, за домот ни е сигурен и безбеден – вредеше! Тргнавме со лyзни од kpвави yдаpи по дома и pаб на гpаѓанска војна.

Се изборивме за реформи кои нѐ трансформираа од заpобена држава во демократија. Излеговме од изолацијата од светот, за денес да носиме одлуки за нашата судбина рамо до рамо со најмоќните во светот, напиша Заев.

Го постигнавме, потсети, историскиот Преспански договор.

-Гледајќи како недалеку од нас се гpанатираат недолжни цивили, се потсетуваме зошто е важно тоа што спорот со соседите го решивме преку дипломатија и миp.

Светот нѐ награди мене и мојот драг пријател Ципрас со мировни награди, но вистинската награда е тоа што двата народи денес ни живеат во мир и слога.

Референдумот од 2018 го подржаа над 600.000 граѓани. Со зборовите на мојот драг пријател Столтенберг: „Вратата на НАТО е отворена, но само граѓаните на вашата земја можат да одлучат да ја поминат“, дополнува Заев според кој, „навистина беше така – поддршката за референдумот од граѓаните беше поголема од која било друга политичка идеја низ историјата по референдумот за независност“.  

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде