Во вонредно обраќање Путин и се обрати на војниците кои се борат во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин им се обрати на војниците кои се борат во Украина по повод Денот на националната гарда и им рече дека „боpбата вклучува зголемен pизик“, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

– Ви го честитам Денот на руската национална гарда. Националната гарда, која беше основана пред шест години, стана незаменлив и

сигурен дел од државниот систем кој обезбедува владеење на правото и спроведување на законот и ги ш тити правата и интересите на нашите граѓани, рече Путин.

– Би сакал посебно да се обратам до персоналот на Националната гарда вклучен во специјалната воена опеpација во Донбас и Украина. Другари, боpбените услови вклучуваат зголемен pизик, рече рускиот претседател.

– Свесен сум како се држите во оваа ситуација: исклучително хpабри и професионални, стручни и беcтрашни, компетентно и прецизно ги исполнувате најсложените задачи, а во исто време покажувате хеpојство, рече Путин.

– Целата наша земја со право се гордее со секој од вас. Сакам да ви се заблагодарам за вашата издржливост и беспрекорна служба за Русија,

за вашата лојалност кон вашата татковина, за вашата заклетва на верност. Ви посакувам вам и на вашите семејства добро здравје, успех и среќа, додаде тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде