Гори куќа во делчевско

Во пожар кој зафати семеен дом во село Турија изгоре кровна конструкција, објави порталот delcevo365.mk.

Во акцијата за гаснење на пожарот кој беше ставен под контрола пред да се прошири на долниот кат ТППЕ Делчево учествуваше со 7 пожарникари и две цистерни, а напомош се вклучија и вработени во пиланата во село Бигла.

Пожарот е локализиран, а причините за неговото избувнување допрва ќе се утврдуваат, објавија од delcevo365.mk.

Да потсетиме, денеска во Штип изгоре магацин за детски играчки.

Пожарот во магацин со детски играчки е пријавен околу 12:30 часот во штипската противпожарна служба.

-Се надевам дека за брзо време пожарот ќе биде локализиран. Првичните причини укажуваат дека од надвор дошло запалено ѓубре, па поради ветерот кој е со голема брзина се префрлил во внатрешниот дел, велат од штипската противпожарна единица.

Од МВР за Курир велат дека добиле пријава за пожар во магацински простор во штипската населба Три Чешми. До овој момент, полицијата нема добиено пријава за евентуално повредени лица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде