(Видео) Голем пожар беcнее во Штип: Гори магацин за детски играчки

Пожар во магацин со детски играчки е пријавен околу 12:30 часот во штипската противпожарна служба.

Силниот ветер го отежнува гаснењето на огнената стихија која започнала надворешно од запалено ѓубре.

На терен се четири пожарникарски возила од ТППЕ Штип со 15 пожарникари, а помош е побарана од Свети Николе и Кочани.

-Се надевам дека за брзо време пожарот ќе биде локализиран. Првичните причини укажуваат дека од надвор дошло запалено ѓубре, па поради ветерот кој е со голема брзина се префрлил во внатрешниот дел, велат од штипската противпожарна единица.

Посочуваат дека поради ветрот потешко се одвива гаснењето на пожар за кој се надеваат дека за брзо време ќе биде локализиран. Засега полицијата нема добиено пријава за евентуално повредени лица.

Од МВР за Курир велат дека добиле пријава за пожар во магацински простор во штипската населба Три Чешми. До овој момент, полицијата нема добиено пријава за евентуално повредени лица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде