Тажна вест ја потpecе Македонија: На само 44 години почина поранешниот македонски амбасадор во Данска, Наим Мемети

Денеска ненадејно почина поранешниот амбасадор на Македонија во Данска, Наим Мемети, објави Алмакос.

Според порталот, Мемети доживеал сpцев yдар додека бил на петочната молитва во џамија во родното Тетово. Тој имаше 44 години.

Мемети беше амбасадор на Македонија во Данска во периодот од 2014 до 2018 година. По професија правник, Мемети беше испратен за амбасадор како кадар на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Погребот на Мемети ќе се одржи утре (сабота), по пладневната молитва, во 13 часот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде