(видео) Бугарски фудбалер лажираше повреда, буквално се фрли од носилка! Смешно и срамно!

Играчите понекогаш бараат различни начини да украдат време на натпревар, а еден играч во Бугарија нашол оригинален начин за тоа. Видете и самите…

Често гледате играчи на фудбалски натпревари кои бараат начини да украдат време. Дали преку повреди, грчеви, побавно излегување од теренот или нешто слично како куче што влегува на терен. Сега се појави уште еден оригинален начин кој го смислил фудбалер во Бугарија.

На еден натпревар од нисколигашот во оваа земја меѓу Балкан Ботевград и Беласица, играчот број 17 Виктор Василев реши да го помине продолжението во 93. минута. Така тој лажирал повреда, чекал да дојдат лекарите со носилка, а потоа се фрлил од носилката.

Сето тоа изгледаше многу комично, до тој степен што снимките од неговите падови и начинот на кој го поминуваше времето брзо станаа хит на социјалните мрежи. Фудбалерите на Беласица очекувано бурно реагираа, едни беа подготвени за физичка пресметка, но другите успеаја да спречат ескалација на конфликтот.

На крајот, неговиот план е успешен. Помина доволно време, па Ботевград освои три важни бода во лигата и и го нанесе само петтиот пораз на првопласираната Беласица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде