Се огласија од бугарската влада – еве што мислат за казната за Ламбе и свирежите на химната

Исвиркувањето на бугарската химна и пресудата за Алабаковски не искраќаат позитивни пораки кон Бугарија.

Бугарскиот министер за надоврешни работи овие два настани случени во само два дена ги оцени како класичен говор на омраза и доказ за правата кои ги имаат Бугарите во Македонија. од македонскиот суд вели дека очекувал поголема казна за палењето на бугарскиот центар.

Во споредба со условната казна на пејачот Ламбе – пироманот на бугарскиот културен центар, двете работи заедно откриваат проблем со правата на Бугарите во Северна Македонија.

Оваа казна е најлесната можна. Според член 238 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија од 6 месеци до 5 години затвор, а притоа добива најлесна условна казна.

За овој случај треба да се очекува многу посериозна казна, но ова е одлука на независниот суд на РСМ. Недостигот на соодветни казни испраќа пораки до општеството во Северна Македонија и до нас.

И оваа порака не би рекол дека е позитивна, изјави Николај Милков.

Бугарскиот шеф на дипломатијата предупредува дека речникот користен на фудбалскиот натпревар, е јазик што го користеле и политичарите.

Македонскиот политичари ги потсети дека Македонија се уште ги нема стартувано преговорите за членство во Унијата, туку само можноста за нивно отпочнување.

Треба да се обрне внимание на тоа дека јазикот што беше користен на натпреварот, е јазик што го користат политичарите.

Ова, е слика на обиди за еродирање на досега постигнатите договори и им покажува на граѓаните на Република Северна Македонија каде стои земјата во однос на преговарачкиот процес со ЕУ.

Обидите за слободно толкување на францускиот предлог и создадената атмосфера во Република Северна Македонија не го фаворизираат процесот. Има долг пат да се изоди, коментираше министерот за надворешни работи на Бугарија.

Исвиркувањето на бугарската химна на фудбалскиот натпревар Македонија-Бугарија експресно беше осуден и од македонското МНР од каде обвинија за ширење етничка нетрпеливост. Сепак јавноста остана без одговори, зошто на ист начин не се осудува и говорот на омраза кој пристигнува од Софија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде