Четворица малолетници обвинети за обид за силовање на малолетничка

Полицијата информира дека четворица малолетници од Охрид заработија кривични пријави поради обид за обљуба.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против четири малолетни лица од Охрид поради тоа што на 11.04.2022 во Охрид, со закана се обиделе да извршат обљуба врз малолетничка од Скопје“, велат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.


СЛИЧНА СОДРЖИНА

Трагедија: Рибар се лизнал од карпа и се удавил во Охридско Езеро

Давеник утрово е пронајден во водите на Охридското Езеро, кај карпите меѓу плажите „Горица 2“ и „Горица 3“.

Според првичните информации, се работи за несреќен случај со трагични последици. Рибар од Охрид се лизнал од карпата од која рибарел.

Случајот за МИА го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, посочувајќи дека полициски екипи се на местото на незгодата и вршат увид.

Телото на давеникот го забележале случајни минувачи и пријавиле во полиција.  

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде