Драма: Руската војска влезе на територијата на Азовстал – Украинците ја губат контролата врз последното упориште!

Арахамија рече дека украинската влада се уште е во контакт со борците во фабриката.

Руските сили влегле на територијата на фабриката за челик Азовстал во Мариупол, изјави украински функционер за американската телевизија.

Фабриката Азовстал е последното yпориште на украинските сили во yништениот пристанишен град, а цивилите се уште се kријат под земја во големиот индустриски комплекс.

Дејвид Арахамиа, шеф на владејачката парламентарна фракција во Украина, рече: „Обидите за Hапад на фабриката траат веќе втор ден. Руските трупи веќе се на територијата на Азов“.

Информациите на теренот беа оскудни, но во интервју за РСЕ/РЛ, Арахамија рече дека украинската влада сè уште е во контакт со борците во фабриката.

Ова доаѓа откако претходно градоначалникот на Мариупол изјави дека ја изгубиле комуникацијата со оние внатре.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде