Заврши седницата на Извршниот комитет – ова е одлуката на ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ повика на мобилизација и активизам од граѓаните, а соопшти и дека седницата на Извршниот комитет на партијата продолжува и најави дека вечерва ќе бидат донесени и други одлуки

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одлучи да го прифати предлогот на лидерот на партијата Христијан Мицкоски и најави активна блокада на Собранието по 10 мај, соопшти Николоски во изјава за медиумите.

Ваквите чекори како овој вечерва е реакција на акцијата на власта и нивното неодоворно однесување и за секој понатамошен чекор единствен виновник е коалицијата на СДСМ и ДУИ и никој друг, изјави вечерва генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Токму на седницата на Извршниот комитет донесовме заклучок за активна блокада на Собранието што подразбира активизам за блокада на сите штетни законски решенија и прописи кои што доаѓаат од СДСМ И ДУИ.

Оваа блокада ќе стапи на сила на 10 мај. Власта има време да си го преиспита однесувањето и да прифати лидерска средба на која ќе се договориме за датум за предвремени избори, рече Николоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде