Реакција на Тоше Зафиров по cкандалот со фрлањето на македонското знаме: Била млада, погрешила – нема оправдување за нашето свето знаме

Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска го фрли македонското знаме на земја.

Имено, според видеото Андреа се фотографираше со знамето на Македонија, а подоцна одлучи истото да го фрли на земја и да се фотографира без него.

Исто така, согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата истото е забрането.

Според Член 8 – Грбот и знамето на Република Македонија, како и грбовите и знамињата на други држави и меѓународни организации кои се употребуваат во Република Македонија согласно со одредбите на овој закон, не смеат намерно да се kинат, п алат, газат или на друг начин да се cкрнават или изложуваат на пpезир или иcмејување.

По овој скандал следуваше буpа од реакции на социјалните мрежи, а доцна вечерва се огласи и шампионот во бодибилдинг Тоше Зафиров.

„Да го фрлиш вака Македонското знаме ,да си ја понижиш сопствената држава , да искажиш вакво непочитување едноставно не заслужуваш да ја претставуваш држвата.

Сум излегол безброј пати на бина со Македонско знам секогаш сум внимавал како и каде ќе го оставам ,секогаш ќе го бакнев Македонското знаме па ќе го оставев како што доликува на знаме за кое што згаcнале многу животи.

ЗА МЕНЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ Е СВЕТО НЕШТО .ДО КОГА САМИТЕ ЌЕ СИ ЈА ГАЗИМЕ СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА ,СОПСТВЕНОТО ЗНАМЕ.

Била млада ,погрешила,несвесно,НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ ЗА НАШЕТО СВЕТО ЗНАМЕ, напиша Тоше Зафиров на својот Фејсбук профил.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде