Во живо: Говор на Владимир Путин на големата воена парада во Москва

Започна големата воена парада по повод Денот на победата во Москва. На парадата пристигна и претседателот на Русија, Владимир Путин.

На парадата стандардно ќе продефилира огромниот руски воен арсенал, но најголемо внимание ќе привлече обраќањето на Путин на кое се очекува да зборува за војната во Украина.

За разлика од претходните години, овој пат на парадата не присуствуваат странски државници.

На воената парада пред многубројната публика се обрати претседателот на Русија.

„Наша должност е да го зачуваме споменот на оние за кои победивме и да не ја повториме глобалната војна. Во претходните години се обидовме да ги одржиме мировните договори, но тие не сакаа да не слушаат.

Тие имаа сосема поинаков план. Сега го гледаме тоа. „Според нашата територија, тоа е апсолутно неприфатливо. НАТО работи со украинските нациcти, Украина го доби најмодерното оpyжје. Одлуката за специјална воена операција беше единствената правилна“, рече Путин.

Путин зборуваше и за русофобија. Тој тврдеше дека на некои американски ветерани им било забрането да дојдат на Денот на победата, иако, како што рече, сакале да дојдат.

Тој рече дека населението во Донбас, кое е поддржано од Русија, се бори за своите семејства. Говорот беше прекинат поради едноминутно молчење.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде