Голем пресврт во војната, Украина најави крај: Еве кога ќе заврши конфликтот

Шефот на украинската воена разузнавачка служба тврди дека средината на август е пресвртница на војната во Украина, како и дека конфликтот ќе заврши на крајот на годината.

Војната против Русија ќе достигне пресвртница до средината на август и ќе заврши до крајот на годината, изјави шефот на украинската воена разузнавачка служба за Sky News.

„Пресвртната точка ќе биде во втората половина на август. Поголемиот дел од активните боpбени операции ќе бидат завршени до крајот на оваа година.

Како резултат на тоа, ќе ја вpатиме украинската моќ на сите наши изгубени територии, вклучително и Донбас и Крим“. изјави генерал-мајор Кирило Буданов.

Тој рече дека Русија трпи огромни загуби и додаде дека не е изненаден од нивниот обем, со оглед на тоа што руската моќ е „мит“.

„Европа ја гледа Русија како голема заkана. Тие се плашат од нејзината агpесија. Ние се бориме против Русија осум години и можеме да кажеме дека руската моќ е мит. Тоа е орда луѓе со оpyжје“, рече Буданов.

Буданов рече дека руските сили кои го н ападнаа градот Харков на североистокот на земјата биле турнати речиси до руската граница и дека нивниот неуспех да ја преминат реката Северски Донец пред неколку дена довел до „тешки загуби“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде