Мицкоски: Срам ми е што го познавам Талат Џафери

„Се срамам што го познавам тој човек. И не можам да разберам што е тоа  што го држи Ковачевски при уши глув, при очи слеп“, изјави Мицкоски за претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Премиерот,  Димитар Ковачевски вели дека Собранието не е блокирано. Според него, работните тела функционираат и ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека во време на економска, енергетска и здравствена криза работи на штета на државните интереси.

Но, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го вели спротивното. Според него, власта пред јавноста се удира во гради дека Собранието не е блокирано, а од друга страна се жали до дипломатските претставништва за постапките на опозицијата. ВМРО во понеделник ќе одржи состанок на Извршниот комитет на кој ќе одлучува за понатамошните чекори од блокадата.

Во врска со објавувањето на аудио снимката за која се тврди дека првиот човек на Собранието Талат Џафери, жестоко ги навредува вработените во законодавниот дом,

Мицкоски рече дека од она што го слушнал се срами што го познава Џафери. Партијата на Мицкоски денеска повторно побара итна оставка од спикерот

„Нема ниту одговорност, ниту некој нешто кажа, ниту пак медиумите, морам да признам, тоа го ставија на едно високо ниво. Ако некој човек има проблем со себе, и со својот нервен систем, има посебни институции кои што се грижат за тоа. Парламентот и вработените не се место каде што некој треба својот нервен систем да го лекува. Така што еве, ќе завршам како што и почнав, се срамам што воопшто познавам такви луѓе во мојот живот поради природата на мојата работа”, додаде лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде