На бојното поле во Украина дојде до голема промена! Погледнете ја најновата мапа – руската војска потисната до границата

Денешната мапа, објавена од Британците, покажува голема промена на бојното поле во Украина.

Британското Министерство за одбрана попладнево објави нова воена карта на настаните во Украина. Денешната мапа покажува голема промена.

Широката област околу Харков, вториот по големина украински град, вчера беше означена како место на борби. Денес, широк простор источно и северно од градот е означен како украинска територија.

Со други зборови, Британците сега и официјално ја забележаа на картата украинската контраофанзива на овие простори, која трае со денови.

Според оваа карта, а особено според информациите од теренот, руските сили биле турнати право кон руската граница.

Остатокот од бојното поле не бележи значителни промени.

Погледнете ја картата:

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде