„Вие сте следни!“ Кремљ испрати директна закана до моќна членка на ЕУ и на НАТО

Пратеник на Државната дума на Русија отворено и се закани на Полска, откако руските власти во петокот ги блокираа сметките на полската амбасада во Москва.

Олег Морозов, член на руската Државна дума, на својот профил на Телеграм предложи дека „Полска треба да биде следна во редот за денацификација по Украина.

Морозов е член на Високиот совет „Единствена Русија“ на Кремљ и член на Думата. Изјавата доаѓа откако руските власти во петокот ги блокираа сметките на полската амбасада во Москва.

Висок руски функционер напиша дека потенцијалната воена операција против Полска ќе биде одговор на изјавата на Варшава дека Русија е „канцероген тyмор“.

„Со своите изјави за Русија како „канцероген тумор“ и за „отш тетата што треба да и ја платиме на Украина“, Полска не охрабрува да ја ставиме на прво место за денацификација по Украина“, напиша Олег На Телеграм.

Руските власти ги блокираа сметките на полската амбасада во Москва како одмазда за осудата и санкциите.

Директната воена закана на Државната дума за Полска следеше откако полскиот премиер Матеуш Моравјецки во напис за британски Телеграф изјави дека го смета рускиот свет „pак кој претставува cмpтна заkана за цела Европа“.

Тој додаде дека, според неговото мислење, земјата треба да биде „искоpенета“.

Моравјецки во својата статија го спореди Владимир Путин со Адолф Хитлер или Сталин и рече дека тој е поопасен од нив, поради напредното оpyжје со кое располага.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде