ИМА ПОСЕБНО ЗНАЧЕЊЕ: Откриено за што се пее во победничката песна на Украина!

Украинската рап група „Калуш Оркестар“ победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија со песната „Стефанија“. Фронтменот на групата, Олех Псиук, претходно за „Sky News“ раскажа за што всушност се зборува во нивната песна.

„Сите ја потпевнуваат нашата песна. Првично беше посветена на мојата мајка, по која го доби и името, но сега тое е песна за сите мајки“, изјави пејачот за песната посветена на една жена во која авторот зборува за неговите убави спомени поврзани со неговата мајка.

Во песната се зборува за стареење, а атмосферата е носталгична. Афторот во песната раскажува колку неговата мајка направила за него, свесен е за нејзините борби и за сето она низ кое таа поминала. На крајот од строфата се слуша приспивна песна.

Членовите на групата претходно изјавија дека нивната песна „Стефанија“ станала „украинска химна“.

Ова се зборовите на песната:

Стефанија мама, мама Стефанија

Полето цвета, а таа седи

Испеј ми една приспивна песна, мама

Се уште сакам да го слушнам твојот топол збор

Таа ме нишкаше, ми даваше ритам

И силата на волјата нема да ми ја одземат, бидејќи таа ми ја даде

Веројатно знаеше повеќе и од Соломон

Секогаш ќе доаѓам кај тебе по скршени патишта

Таа нема да ме разбуди, нема да ме разбуди, во силните бури

Ќе земе од баба две смокви, како да се курш уми

Извор: Слободен печат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде