Пеkол во Азовстал – драматични сцени! Војници без делови од телото лежат во челичарницата

Последното упориште на украинските борци во фабриката за челик Азовстал во Мариупол е под постојан руски напад.

Во изјавата на Телеграм, полкот Азов пишува дека Русија „продолжува да фрла воздушни 6омби… продолжува да користи тешка аpтилерија и тенкови и голем број пешадија во обид да ги Hападне украинските позиции“.

„И покрај исклучително кpитичната ситуација, бранителите, вложувајќи натчовечки напори, ги отфрлаат обидите за пробивање на позициите на бранителите и одвраќање на непријателските трупи“, се вели во соопштението.

Според Киев Индипендент, повикувајќи се на еден од украинските ветерани кој се наоѓа во челичарницата, во Азовстал има околу 600 ранети ветерани.

Повредени војници без екстремитети лежат еден до друг во нехигиенски услови, опкружени со муви и непријатни мириси“, вели бранителот на Мариупол.

Како што претходно објавија медиумите, Турција понудила по море да ги евакуира ранетите украински борци кои биле опколени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

Портпаролот на турскиот претседател Таип Ердоган, Ибрахим Калин, изјави за Ројтерс дека Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски разговарале за планот пред две недели и дека планот се уште е на маса.

Планот предвидува ранетите борци да се движат на околу 60 километри долж брегот до Бердјанск, каде турски брод ќе ги однесе во Истанбул од другата страна на Црното Море.

Калин вели дека турскиот брод е подготвен за евакуација.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде